• Поезија на Димоски и документарен филм на Вељаноски утревечер на Охридско лето

    Утревечер во рамките на Охридско лето со почеток Повеќе
  • Опозицијата бара дебата околу одлуката за рушење на мостот

    „Овој циркуз за време на тусистичка сезона е Повеќе
  • Кражба во црква во Глобочица

    Црквата „Св.Антонија“ во струшкото село Глобочица беше мета Повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 15 години, Езерото против другите демони

  • 1
  • Симон Илиевски: Живот меѓу светлините

  • 1

Утревечер во рамките на Охридско лето со почеток од 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Поезија – ткаења“ од Славе Ѓорѓо Димоски и документарниот филм на Антонио Вељаноски „Поет на мал народ“.

Во книгата „Поезија – ткаења“ во издание на Панили од Скопје содржани се досегашните објавени поетски книги на Славе Ѓорѓо Димоски: Гравири (1979), Проект (1982), Студен порив (1985), Последните ракописи (1988), Спореден пат (1991), Предмети и аргументи (1994), Форми на страста (1998 и 1999), Темно место (1999) и Мерач на зборовите (2007). Изданието е објавено во знак на 35 години поетско творештво, односно од бијавувањето на првата книга Гравири (1979).

Редоследот на книгите е во обратен ред и  враќајќи се наназад се открива патот на творечкото време до  почетоците на авторот од кога почнал да се содава еден посебен поетски свет, една своевидна и самостојна поетика, надвор од кулоарските случувања и во посебен природен амбиент на планината Галичица.

Според проф. Димитар Пандев, кој е и промотор на  книгата,  геопоетиката на Славе Ѓорѓо Димоски отвора простор за множество интерпретации во онаа смисла во која неговата поезија се остварува преку множество точки на набљудување на светот и на стварноста од една иста точка.

„Тоа е суштината, впрочем, на односот меѓу јазикот и стилот на Димоски, одмерениот јазичен исказ наспроти бурниот стилски израз. Впрочем, да се потсетиме на Јакобсоновото поезијата е исказ што е насочен на самиот израз. И да потврдиме, Димоски од секојдневните јазични искази пресоздава необични стилски изрази, со што неговата поезија добива и своевидна барокна тежина, во онаа смисла во која во просторот се изнијансира меѓупросторот во чиј центар е авторовото јас, кое по пат на семиоза и понатаму се деатлизира, се динстиктивизира во сопственото времепространство“

Во документарниот филм на Антонио Вељаноски во кој преку три песни (Куќа, Траума и Ноќта е црна Liebe Maria) е раскажана духовната биографија на поетот Славе Ѓорѓо Димоски. Поетот зборува за поезијата како чувар на јазикот на малите народи бидејќи во неа е содржан исконскиот озонна јазичната традиција. Филмската приказна претставува еден отсонуван сон на недосонуваните копнежи.

„Со овај филм  навлегов во еден специјален жанр во склоп на документарните филмови а тоа е поетичниот жанр, односно филмот има и неколку поджанрови, меѓу кои е и портретот, или можеме прво да го ставиме портретот, а потоа, преку поетичниот жанр би дошле до поимот Поетичен портрет. Голема инспирација црпев од сурреалниот стил на раскажување на големата светска документаристка Мартина Кудлачек, која што имав чест и лично да ја запознам на едно нејзино предавање за филмскиот портрет на националниот факултет за филм во Прага, каде што беше презентиран и нејзинот филм Amour fou – Ludvík Šváb.  Сметајќи дека поезијата е една сурреална дисциплина, играјќи со надреалните елементи кои што се во филмот го овековечив, овај наш поет на филмското платно.  Како одговор на критиките од страна на еден филмски критичар во Чешка би сакал да се изјаснам дека овај филм не е, како што тој кажа дека сум се обидел да ја опишам поезијата општо, овај филм не е опис, овој ФИЛМ е еден мал дел во кој што преку неколку песни филмски го претставувам творештвото на само еден ПОЕТ; ова е ФИЛМ, а не е опис.  Како сите други уметници, пред се размислувам за целокупниот скелет на филмот гледано според некоја драматуршка форма. А стилот го гледа гледачот и  негово е да оцени дали тој стил му се допаѓа или не, инаку контурата на филмот е нешто што мислам дека успеав доста добро да го изведам но без него СЛАВЕ кои што со своите извондредни мисли за тоа како се конструира една песна им ги обогатува импресиите на сите оние кои што поезијата ги интересира. Овај филм и како сите филмови не би го држел вниманието на  сите, за тоа сум свесен. За жал интересот  за поезијата е се помал, но сметам дека ова дело е една филмска  поема“, вели Вељаноски кој е апосолвент на престижната Академија за филм – ФАМУ во Прага.

Филмот по сценарио и режија на Антонио Вељаноски оваа година доби награда на фестивалот „Млада камера“ во Република Чешка. 

Наследниците на бившиот градоначалник  Александар  Петрески  , кој со својот тим  го опустоши Охрид и  кој меѓу другото  овозможи на нелегален   начин  во 2009 година да биде изграден така наречениот мост на желбите  по што дури за стореното   незаконско дело на “донаторот“  Велија Рамковски кој во јавноста е познат по низа кривични дела   му беше   доделена и највисоката - Св. Климентова награда ,  денес се  вратија  на местото на злосторот,  на  така наречениот  мост на желбите. Објектот   е дивоградба, изграден е без проект, без надзор додека се градел и нема технички прием пред да се предаде во функција, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ.

Ги прашуваме господата од СДСМ  и нивните коалициони партнери -истомисленици  кога станува збор за  подржување  на нелегални проекти,  дали тие ќе ја преземат одговорноста доколку се случи несреќа на мостот? Дали тие ќе застанат во одбрана на дивоградбата доколку жител на Охрид или турист биде повреден од честите одрони кои од карпите паѓаат на мостот.

Наместо, “душегрижниците“, да го поздрават законскиот проект со кој се предвидува изградба на безбедна пешачка патека застануваат и јавно без срам го оправдуваат овој диво изграден објект кој е ризичен по живот.  Знаеме дека  СДСМ  во својата безидејност не можат да разберат што е закон и што е законско работење, и токму поради тоа наместо да ги осудат  тие ги  оправдуваат и застануваат зад незаконски , нелегални  и кривични дела– стои во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Тие ја повикуваат  Општина Охрид во погоден тајминг да ги преземе сите законски мерки, со кои ќе се стави крај на оваа дивоградба која е опасна по живот за минувачите и да продолжи  со реализација на проектот за изградба пешачка патека со која ќе се поврзуваат Градското пристаништето со населбата Канео која  потоа ќе води и кон Лабино.

„Овој циркуз за време на тусистичка сезона е недозволив“, велат опозициските советници и бараат јавна расправа за мостот.

Мостот на желбите“ и иницијативата за негово рушење ја размрда и опозицијата во Охрид. Советниците од опозицијата велат дека граѓанска раекција по повод случувањата во централното градско подрачје во екот на туристичката сезона, уште вчера ги натерало да се сретнат со жителите од овој дел на Охрид и да разговараат за она што им се случува. 

„За нас е несватливо, во и така лошата туристичка сезона годинава да се донесе една таква одлука да се руши овој мост и потоа да се првземет активности кои би оделе во правец на санирање на мостот. Овој мост не го користат само граѓаните кои жиеват тука туку и туристите. Реагираме како советници на оваа одлука затоа што сметаме дека во екот на турстичката сезона не би требало да се превземаат вакви акции. Може да се организра една мирна дебата во советот на општина Охрид, на која сите задно ќе донесеме одлука во кој правец понатака да се одвиваат активнотите околу рушењето на „Мостот на желбите“, градењето на нова пешачка патека и поврзувањето на овој дел од Охрид со самиот центар. Апелираме и до наделжните ако треба и на вондредна седница на советот со една и единствена точка за расправа како да се уреди овој простор и како да продолжат активностите околу овој простор“, истакна координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

Ова е ставот и на ЛДП. Претседателот на ОО и советник од оваа парија Дејан Блажески вели:

„Советниците од опозиција вчера дојдовме на лице место. Треба да се запрашаме колку е ова нормална земја каде току години опстојува нешто што е надвор од урбанистичкиот план и што е дивоградба. Очигледно мостот го оправда своето постоење, досеа не се случил немил настан. Ние сме корекни, но ваква акција во екот на туристичката сезона може да има само негативен исход, не само за сезоната туку и за животот на луѓето кои живеат овде. Овој мост според нивни искази е од животно значење за нив. Тие вчера објаснуваа дека луѓе кои се болни во ќебиња ги носеле по скалите за да ги пренесат до здравствени установи. Мислам дека мостот треба да се дообезбеди и да биде предмет на поопширна дебата, но да не се политизира. Овој циркуз за време на тусистичакта сезона е недозволив“, истакна Блажески. 

„На последниот локален економски совет во општина Охрид, градоначалникот кога уведе дека се поделени мислењата вети дека ќе изврши една анкета каде што ќе го испита јавното мислење на жителите од тој дел на општина Охрид. Би сакала да го повикам пред да се почне со градење да ни се презентира проектот на таа нова пешачка патека и да го слшниме јавното мислење на луѓето кои живеат овде. На охрид му требаат нови пешачки патеки, но сметам дека треба да ги градиме оние патеки кои самите граѓани ги градат. И доколку се гради пешачка патека нека се изгради патека која го поврзува Лабино со населбата Даљан“, истакна советничката од НСДП, Верица Хајба.

Советничката од СДСМ, Жаклина Лазареска побара новинарите да направат дебата за прашањето околу рушето на „Мостот на желбите“.

„Новинарите би можеле да реализираат една дебата помеѓу советниците од опозиција и позиција, експерти и граѓани кои се засегнати од овој мост. За најмладите охриѓачиња од 2009 нема друга патека која води до Канео - сем овој мост. Запрашајте ги и луѓето кои жевеат во Канео колкав е приливот на туристи и бенефетитот од посетатат од 2009 год навака со мостот... Ова не е никаква политика, туку чиста реалност“, истакна Лазареска.

Извор: Лихнид

Од името на организационот одбор при МЗ на с. Елшани, Ве известуваме дека оваа година, на 2 август, по повод верско-националниот празник Илинден, во Елшани за првпат се организира културно-забавната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“. Според зацртаната програма планирано е со свое учество настанот да го одбележат млади музички таленти, роднокрајни фотографи, културно-уметнички друштва, фолк пејачи, како и реномиран патувачки театар од Скопје.

Намерата на организациониот одбор е преку оваа манифестација да го промовира и етаблира Елшани на културната и туристичката мапа на Македонија. Искрено се надеваме и веруваме дека манифестацијата „Илинденска вечер во Елшани“ ќе стане дел од новото лице на Елшани, како и од новата културна програма и понуда на општина Охрид.

Насловот „Илинденска вечер во Елшани“ е од три причини, поради двата Илиндена 1903 и 1944, во кои активно и пожртвувано биле вклучени многу елшански семејства и третата, духовна причина е верскиот празник, патронот на селото, Свети пророк Илија чија слава ја чествува секое елшанско домаќинство.

Црквата „Св.Антонија“ во струшкото село Глобочица беше мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и одзел околу 200,оо денари.

Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од  20-ти до 23-ти јули оваа година. Во црквата „Св.Антонија“, сторителот влегол откако го скршил прозорецот од источната страна а потоа се упатил во внатрешноста на црквата каде извршил пребарување низ црковните простории. Во близина на црковниот олтар ги забележал парите оставени од верниците, ги одзел  по што избегал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин. 

Охриѓани и Стружани, до недела ќе имаат можност да ги посетат перформансите и работилниците на различни уметници, во рамките на второто издание ''ДРИМON'' фестивалот за процесирање култура, кој до недела ќе се одржува на летната сцена на Центарот за култура ''Браќа Миладиновци'' во Струга.

Ненад Јолдашески, како дел од тимот организатори вели дека оваа манифестација на публиката и дава примери и исечоци од современите културни и уметнички појави кај нас, со тенденција да се испреплетат и мотиви од современите светски трендови.

''Концептот на DRIMON се темели на неколку балансирачки линии: прво, се стремиме да имаме еднаква застапеност на еминентни, признати и познати автори на пошироката публика, но и на млади луѓе кои со својата творечка вредност заслужуваат промоција и актуелизација'', вели тој.

Според организаторката Христина Тодороска Петреска, овој настан е создаден со намера да се централизира културата од главниот град, и да се внесе свежина во прилично заборавените средини, кои исто така заслужуваат да бидат дел од современите културолошки текови.

''Со содржините на кои се темели концептот на ДРИМON, веруваме дека не само што ја менуваме културата, туку и создаваме ново струење и циркулација на овие простори'', додава таа.

Менаџментот на настанот исклучително задоволна и од соработката со уметнички креативци од Охрид, како Ивана Групче, која во петок ќе ја предводи работилницата за млади, ''Оригами''.

Во таа насока, Тодороска Петреска нагласува: ''Лани, изложба имаа тројца членови на АРТЕРИЈА, годинава е Ивана Групче со оригамите, така што, нема ограничување. Ние бараме уметници и луѓе кои што размислуваат културно, и ги селектираме по однос на квалитетот''.

На просторот зад струшкото кино, како локација на која се одржува перформансот, поставена е и тезга со рачно изработен накит и чанти, а љубителите на убавиот пишан збор, ќе можат да го посетат и саемот на книга.

Собраните средства ќе бидат наменети за децата со посебни потреби!

 

Весна Цветаноска

Спорт

Останато

Култура